ЌЕ СЕ ФОРМИРА РЕНЏЕРСКА СЛУЖБА ЗА ДА ГО ЧУВА НАЦИОНАЛНИОТ ПАРК ШАР ПЛАНИНА, РЕЧЕ НУРЕДИНИ

    ЌЕ СЕ ФОРМИРА РЕНЏЕРСКА СЛУЖБА ЗА ДА ГО ЧУВА НАЦИОНАЛНИОТ ПАРК ШАР ПЛАНИНА, РЕЧЕ НУРЕДИНИНуредини кажа и дека нема да биде легализирана ниту една дивоградба на Шар Шланина. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Ренџерска служба ќе се грижи за националниот парк Шар Планина, најави денеска министерот за животна средина Насер Нуредини. Откако Собранието на 30 јуни го усвои законот со кој дел од Шар Планина стана национален парк, сега во рок од три месеци Владата треба да формира национална установа која ќе управува со паркот.

    „Управувачката структура ќе биде иста како на останатите паркови. Ќе се воспостави ренџерска служба која ќе се грижи и ќе го чува националниот парк. Клучно е што конкретните забранети активности ќе се дефинираат со планот за управување кој ќе биде донесен во рок од една година. Планот за управување ќе се прави со стански експерти, ќе има јавни расправи и ќе биде транспарентен“, рече Нуредини.

    Вкупната површина која е ставена под заштита е 62.705 хектари, од кои 26,5 проценти се во зона на строга заштита, 49,06 проценти во зона на активно управување и 22,2 проценти одржливо користење. Како што кажа Нуредини, предвиден е и заштитен појас со што ќе овозможи одржлив развој на овој парк.

    За малите хидроцентрали кои имаат добиено концесија за работа, министерот Нуредини вели дека се водат разговори и преговори за да се раскинат дел од договорите, но сепак треба да се внимава бидејќи тие договори се веќе склучени од Владата и може да биде оштетен државниот буџет.

    Нуредини кажа и дека нема да биде легализирана ниту една дивоградба на Шар Шланина.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира