ЌЕ СЕ НАДОМЕСТАТ ИЗГУБЕНИТЕ ЧАСОВИ КАДЕ ШТО ИМА ДОЈАВИ ЗА БОМБИ, ВЕЛИ МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ

    ЌЕ СЕ НАДОМЕСТАТ ИЗГУБЕНИТЕ ЧАСОВИ КАДЕ ШТО ИМА ДОЈАВИ ЗА БОМБИ, ВЕЛИ МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕИзминатиов период има лажни дојави за подметнати бомби во повеќе средни училишта во Скопје. (Фото: К. Попов)

    Директорите на средните училишта каде што изминатите денови имаше повремени прекини се должни да најдат начин и до крајот на првото полугодие да ги надоместат пропуштените часови, соопшти Министерството за образование и наука (МОН).

    Изминатиов период има лажни дојави за подметнати бомби во повеќе средни училишта во Скопје.

    “Местото на учениците е во училишните клупи и секој прекин на наставата го попречува нивниот правилен развој. Затоа МОН во координација со МВР, локалните самоуправи, раководствата на училиштата и низа партнерски домашни и меѓународни организации континуирано работат на нивна заштита преку подигнување на безбедноста во училишните објекти”, велат од МОН, додавајќи дека се надеваат оти оние кои во повеќе наврати ја попречуваа работата на неколку училишта во Скопје ќе бидат пронајдени и соодветно санкционирани“.

    Министерството за внатрешни работи досега приведе само едно лице поврзано со сомневања околу испраќањето на заканите за поставени бомби. Лицето по разговор во полициска станица беше пуштено, а како што тогаш соопштија од МВР, бил направен претрес и во неговиот дом и земени се предмети за вештачење.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира