Ќе сториме сè што е во наша моќ што побрзо односно во јуни Македонија да се добие датум за почетокот на пристапните преговорите, рече претседателката на Република Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ по средбата со претседателот Ѓорге Иванов.
„Односите меѓу Македонија и Хрватска се одлични, нема отворени прашања и во иднина таквата соработка ќе продолжи. Хрватска силно ја подржува и ќе ја подржува евроинтрегација на Македонија односно полноправно членоство во Европската унија и НАТО. Затоа ја честитам препораката од Европската комисија за отворање на пристапните прегови. Хрватска ќе стори сè што е во наша моќ што побрзо односно до јуни да се добиете датум за почетокот на преговирте. Хрватска е спремна да ви помогне онаму каде што вие сметате дека тоа е потребно.“, рече Грабар Китаровиќ.
Хрватската претседателка Грабар Китаровиќ кажа дека очекува наскоро Македонија и Грција да најдат решение за спорот за името, кој е еден од важните фактори што ги оспоруваат евроатланските интеграции на Македонија.