ЌЕ ВИДИТЕ НАРОДОТ ШТО ЌЕ НАПРАВИ, НИ СЕ ЗАКАНУВАА ПРАТЕНИЦИТЕ СО ДЕНОВИ ПРЕД 27 АПРИЛ, НАЈУВЕРЛИВ БЕШЕ МУКОСКИ, СВЕДОЧЕШЕ ПЕТАР АТАНАСОВ ЗА НАПАДОТ НА СОБРАНИЕТО

    ЌЕ ВИДИТЕ НАРОДОТ ШТО ЌЕ НАПРАВИ, НИ СЕ ЗАКАНУВАА ПРАТЕНИЦИТЕ СО ДЕНОВИ ПРЕД 27 АПРИЛ, НАЈУВЕРЛИВ БЕШЕ МУКОСКИ, СВЕДОЧЕШЕ ПЕТАР АТАНАСОВ ЗА НАПАДОТ НА СОБРАНИЕТО„Најмногу му верував на пратеникот Крсто Мукоски, кој беше најуверлив во искажаните закани кон нас“, рече во своето сведочење тогашниот пратеник, а сега заменик-министер за образование Петар Атанасов на денешното судењето за организираниот напад на Собранието на 27 април 2017; - Мукоски и Богдан Илиевски-Бетмен денеска во судот (Фото: К. Попов)

    „Сè уште ги слушам зборовите на некои од пратениците кои со денови пред 27 април од говорницата во Собранието ни се закануваа си зборовите ‘Ќе видите народот што ќе направи, народот ќе ги земе работите во свои раце’. Најмногу му верував на пратеникот Крсто Мукоски, кој беше најуверлив во искажаните закани кон нас“, рече во своето сведочење тогашниот пратеник, а сега заменик-министер за образование Петар Атанасов на денешното судењето за организираниот напад на Собранието на 27 април 2017. Атанасов рече дека поради ваквите закани кои траеле со денови, му дало впечаток дека тоа што вечерта се случувало во Собранието има поврзаност.

    „Перницата на која лежеше Шекеринска беше целата црвена од крв. Вратите од амбулантата беа отворени, цело време минуваа луѓе. Бевме заробени, не знаевме што ќе се случи“, сведочеше Петар Атанасов (Фото: СДК.МК)

    „Кој наредувал, кој е организатор не знам. Можеби луѓево кои седат овде ќе кажат чесно на јавноста што било претходно, кој го организирал и што требало потоа да се случи. Јас знам дека целта беше да се онеспособи лидерот Зоран Заев, не сакам да го изговарам ова, но дури и она што се случуваше личеше на ликвидација на Заев“, сведочеше Атанасов на денешното рочиште на судењето, во кое 33-ца се обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста за организираниот напад на Собранието.

    Сведокот кажа дека откако толпата влегла во прес-центарот, по кратко време тој излегол од таму изнесувајќи ја повредената пратеничка Милева Ѓорѓиева. Успеал некако низ насилниците да ја однесе во собраниската амбуланта, каде исто така се наоѓале и повредената пратеничка Радмила Шекеринска. Таму останале сè додека не дошле да ги евакуираат.

    „Перницата на која лежеше Шекеринска беше целата црвена од крв. Вратите од амбулантата беа отворени, цело време минуваа луѓе. Бевме заробени, не знаевме што ќе се случи. Во амбулантата дојде и шефот на внатрешното обезбедување на Собранието, кој се жалеше дека е повреден. Влегуваа и други лица вработени во обезбедувањето кои го прашуваа нивниот шеф; ‘Што се случува, зошто нема луѓе, како е можно да има само 10 луѓе, што да правиме?’ Тој им одговараше дека не знае и дека е повреден“, кажа во сведочењето Атанасов.

    Денеска прв сведочеше пратеникот Енес Ибраим, а по Атанасов ќе сведочат и Катерина Кузмановска и Хари Локвенец.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира