КОКА КОЛА ДОНИРА ПЕТ ПАРКИРАЛИШТА ЗА ВЕЛОСИПЕДИ ВО СКОПЈЕ

    КОКА КОЛА ДОНИРА ПЕТ ПАРКИРАЛИШТА ЗА ВЕЛОСИПЕДИ ВО СКОПЈЕ

    Кај фонтаната во Градски парк, денеска беше пуштено во употреба првото од петте паркиралишта за велосипеди кои ги донира Пивара Скопје во соработка со компанијата Кока Кола и кои ќе бидат поставени на различни локации низ градот Скопје.

    Основната цел на проектот е промоција на физичките, спортски и рекреативни активности, но и грижа за животната средина и намалување на сообраќајниот метеж во градот преку поттикнување на велосипедската култура и промоција на велосипедот како алтернативен транспорт, велат од компанијата.

    „Долгогодишна заложба на Пивара Скопје и компанијата Кока Кола е збогатување на рекреативните содржини за сите граѓани во заедницата. Затоа, постојано реализираме нови и иновативни проекти кои ја покажуваат грижата кон заедницата во која делуваме. Верувам дека со оваа донација наменета за сите граѓани на Скопје, ние како Пивара Скопје ќе дадеме свој придонес во промоција на рекреативниот и урбаниот велосипедизам како начин на живот, но и во подигање на свеста за велосипедот како енергетски најефикасен градски транспорт со висок потенцијал за намалување на загаденоста на воздухот и заштита на животната средина.“, изјави директорот за односи со јавност и комуникации на Пивара Скопје, Ламбро Патче.

    Проектот е реализиран во соработка со Градот Скопје, а партнер е и здружението #НаТочак кое даде значаен придонес во успешна реализација на истиот.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира