КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ ДОЗВОЛИ ДА СЕ ОРГАНИЗИРААТ КОНЦЕРТИ, ЗАДОЛЖИТЕЛНО Е НОСЕЊЕ МАСКА

    КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ ДОЗВОЛИ ДА СЕ ОРГАНИЗИРААТ КОНЦЕРТИ, ЗАДОЛЖИТЕЛНО Е НОСЕЊЕ МАСКААсоцијацијата на ивент индустријата ИВАП често апелираше и реагираше дека иако станува збор за сектор забава, нивните компании се сериозни и дека масовните собири не се само рекреативни настани, тие имаат важно влијание врз психолошката благосостојба на голем број лица. (Фото: Асоцијација ИВАП)

    Комисијата за заразни болести денеска дозволи да се организираат настани, рече министерот за здравство Венко Филипче.

    Комисијата го прифатила предлогот на Здружението на музичари и на преставници на здруженијата за организирање на настани, кои биле заедно на состанок минатата недела, и како што рече Филипче, донеле еден навистина солиден протокол со строго контролиран влез.

    „Денеска се дозволи да се организираат настани. Капацитетот да биде пополнет не повеќе од 50 проценти на местото каде се органиизира настанот и картите да се продаваат електронски за да не се прават гужви и редици, а исто така задолжително да се носат маски. Станува збор за одличен протокол и здруженијата земаат обврска, што е за пофалба, сами да го контролираат спроведувањето на мерките таму каде што се организираат“, рече министерот.

    Б. НЕСТОРОСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари