ГРАЃАНИТЕ НА СРБИЈА, КОСОВО, АЛБАНИЈА И ЦРНА ГОРА ДА ПРИЛОЖАТ ТЕСТ ЗА КОВИД-19 ПРИ ВЛЕЗ ВО МАКЕДОНИЈА, ПРЕДЛОЖИ КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ

    ГРАЃАНИТЕ НА СРБИЈА, КОСОВО, АЛБАНИЈА И ЦРНА ГОРА ДА ПРИЛОЖАТ ТЕСТ ЗА КОВИД-19 ПРИ ВЛЕЗ ВО МАКЕДОНИЈА, ПРЕДЛОЖИ КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИКомисијата за зарзни болести предлафа од утре за влез во нашата земја за сите граѓани од Србија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора да биде задолжително да достават ПЦР тест не постар од 72 часа.= Граничен премин „Табановце“. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Комисијата за заразни болести утрово одржа состанок на кој донесе одлука да достави предлог до Владата од утре при влез во нашата земја за сите граѓани од Србија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора да биде задолжително да достават ПЦР тест не постар од 72 часа, соопшти Министерството за здравство.

    „Препораката на Комисијата е донесена по разгледување на актуелната епидемиолошка состојба во наведените земји и согласно информациите добиени од медицинските власти во овие земји“, велат од Министерството.

    Министерот за здравство Венко Филипче во понеделникот кажа дека може да препорачаат некои мерки ако утврдат дека влезот на граѓани од Србија и од Косово може да го загрози нашиот здравствен систем. За таква одлука, рече тој, се чекаат информации од повеќе градови од овие две земји за бројката на новозаболени пациенти од коронавирус.

    Србија воведе нови строги мерки, најверојатно од петок и полициски час, откако вчера беше регистрирана најголемата бројка новозаразени со коронавирусот од почетокот на епидемијата.

    Посочувајќи дека ситуацијата е најалармантна во Белград, претседателот Александар Вучиќ објави дека од денес се забрануваат сите собири со повеќе од пет луѓе, како на отворено, така и во затворено, а од петок до понеделник на сила ќе биде полициски час.

    Во изминатите 24 часа, во Србија се потврдени 299 нови случаи на коронавирус и починаа 13 лица.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира