Премиерот Димитар Ковачевски претпладнево ја поднесе оставката до Собранието, што се смета за оставка на целата Влада.
На утрешната седница, Собранието треба да ја констатира оставката на Владата, а во сабота кандидатот за технички премиер Талат Џафери ќе понуди програма и нов состав на техничката Влада која ќе постои, работи и ќе ги спроведе изборите на 8 мај.
Ковачевски кажа дека е горд што бил дел од Владата овие две години, а за Џафери кажа пофални зборови како добро го водел Собранието во два мандата.
Ковачевски кажа дека по изборите на 8 мај, пак ќе биде премиер на Македонија.
Од Владата ќе излезе и Оливер Спасовски, зашто технички министер за внатрешни работи ќе биде Панче Тошковски од ВМРО-ДПМНЕ, а смена ќе има и во министерството за труд и социјална политика, каде што ќе дојде Ѓоко Велковски од ВМРО-ДПМНЕ на местото на Јованка Тренчевска.
На 28 јануари ќе биде закажана седницата за избор на техничката влада, а потоа и втора седница за избор на дополнителните заменици министри, како и за верификација на мандат на пратеник, кој ќе го земе местото на Џафери.
С. К. ДЕЛЕВСКА