КОВАЧЕВСКИ НЕКА ГО ОДБИЕ ПРЕДЛОГОТ, А ЈАС ЌЕ СЕ ОТКАЖАМ ОД БАРАЊЕ ЗА ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ, РЕЧЕ МИЦКОСКИ

    КОВАЧЕВСКИ НЕКА ГО ОДБИЕ ПРЕДЛОГОТ, А ЈАС ЌЕ СЕ ОТКАЖАМ ОД БАРАЊЕ ЗА ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ, РЕЧЕ МИЦКОСКИЛидерот на опозицијата вели дека му понудил на премиерот ако толку верува дека ни е обезбеден идентитет во дел од заклучоците од првата меѓувладина конференција да бидат избришани членот 11 и 14. (Фото: К. Попов)

    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска и на средбата со премиерот Димитар Ковачевски кажа дека нема да го прифати францускиот предлог за кревање на ветото од Бугарија и почеток на преговорите со ЕУ. Побара да се избришат 4 члена од протоколот и преговарачката рамка, па после тоа ќе мож да се дискутира бидејќи тогаш ќе бидат заштитени македонските националните интереси.

    „Му предложив на Ковачевски да излезе и да го одбие овој предлог, а јас да ќе се повлечам од барање за предвремени избори. Ќе ги ставиме сите капацитети на ВМРО-ДМПНЕ за да помогнеме на Владата во надминување на предизвиците кои зимава ќе се појават пред нас. И напролет, кога ќе ја поминеме оваа најтешка зима, да седнеме и да направиме проценка на ситуација. Ова не се преговори и ова не е преговарчка рамка со која ние обезбедуваме европска иднина, Ова е преговарчка рамка со која се асимилираме и бугаризираме, па така да бидеме дел од ЕУ или никогаш нема да бидеме дел од ЕУ“, кажа Мицкоски после средбата со Ковачевски во Клубот на пратеници.

    Лидерот на опозицијата вели дека му  понудил на премиерот ако толку верува дека ни е обезбеден идентитет во дел од заклучоците од првата меѓувладина конференција да бидат избришани членот 11 и 14.

    „Член 11 од записникот е член кој детерминира дека нема преговори до промена на Уставот, а член 14 се повикува на протоколот кој е дел од втората меѓувладина конференнција, во кој се наоѓаат исторските и образовните прашања, промена на учебниците. Сето она што како бугарска верзија можеа да го видат граѓаните“, кажа Мицкоски.

    Исто така, Мицкоски побарал во преговарачката рамка да се избрише делот каде се наоѓаат годишните прегледи. Мицкоски вели дека со овој предлог не се почнуваат преговорите со ЕУ, туку тоа ќе биде кога ќе се промени Уставот и во него како малцинство ќе бидат внесени Бугарите.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира