КОВАЧКИ ДОЈДЕ НА СУДЕЊЕТО ЗА КЛЕВЕТА БЕЗ ЛИЧНА КАРТА, ПЕТРОВСКА ГО НАРЕЧЕ ЛАЖГО КОЈ ИЗБЕГНУВА ДА СЕ СООЧИ СО ПРАШАЊА

    КОВАЧКИ ДОЈДЕ НА СУДЕЊЕТО ЗА КЛЕВЕТА БЕЗ ЛИЧНА КАРТА, ПЕТРОВСКА ГО НАРЕЧЕ ЛАЖГО КОЈ ИЗБЕГНУВА ДА СЕ СООЧИ СО ПРАШАЊАПетровска вели дека Ковачки е лажго и манипулатор. (Фото: СДК.МК)

    Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки на денешното судско рочиште по тужба за клевета поднесена од министерката Славјанка Петровска дојде без документ за лична идентификација.

    Министерката за одбрана вели дека „лажгото и манипулатор Ковачки“ на денешната главна расправа дошол без лична карта и пасош затоа што се плаши од прашањата кои ќе му бидат поставени за изнесените лаги.

    Тој кој пред два месеци обвинуваше дека некој друг се криел позади женска сукња, денес се исплаши од вистината и правдата. Подмолно, како што и му личи одби да се соочи со прашањата кои требаше да му бидат поставени. Замислете, дојде во судница без документ за идентификација, без лична карта или пасош. Само за да не му бидат поставени прашата кои ќе ја разобличат неговата лага. Лесно е да се зборуваат лаги, ама тешко е да се соочиш со вистината.

    Ковачки изјавуваше дека Петровска има скриен имот, односно хациенда во населбата Радишани.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира