КОВИД ПАЦИЕНТИ ОД ДЕНЕС ЌЕ ПРИМА И КЛИНИКАТА ЗА УВО, НОС И ГРЛО, ВО БОЛНИЦИТЕ НИЗ ЗЕМЈАВА ЛЕЖАТ 1.314 БОЛНИ, ИМА УШТЕ 130 МЕСТА

    КОВИД ПАЦИЕНТИ ОД ДЕНЕС ЌЕ ПРИМА И КЛИНИКАТА ЗА УВО, НОС И ГРЛО, ВО БОЛНИЦИТЕ НИЗ ЗЕМЈАВА ЛЕЖАТ 1.314 БОЛНИ, ИМА УШТЕ 130 МЕСТАПо потреба, деновиве ќе се отворат и Ковид-центрите на Хируршките клиники; - Министерот за здравство Венко Филипче на утринскиот состанок со директорите на клиниките. (Фото: Министерство за здравство)

    Од денес со ковид пациенти ќе почне да се полни и Клиниката за уво, нос и грло, каде во Ковид-центарот ќе може да се сместат 50 болни, вели Министерството за здравство и додава дека по потреба во наредните денови ќе се отворат и Ковид-центрите на Хируршките клиники.

    Во моментов, Интерните клиники располагаат со околу 190 болнички кревети со довод на кислород. Вкупно во комплексот клиники „Мајка Тереза“ има 350 места за ковид пациенти распоредени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби и на Интерните клиники- Клиниката за дерматовенерологија, Клиниката за очни болести, Клиниката за нефрологија, Клиниката за гастроентерохепатологија и Клиниката за неврологија, како и на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ. Дополнителни 110 кревети има во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ и 40 на Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле.

    Во изминатите 24 часа, во Ковид-центрите во Скопје хоспитализирани се 43 нови пациенти, а 478 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на Инфективните оддели низ земјава.

    Во последното деноноќие, на Интерните клиники имало вкупно 22 приеми и тоа пет пациенти биле хоспитализрани на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, четворица во Ковид-центарот на Клниката за неврологија, тројца болни се хоспитализрани на Клиниката за дерматовенерологија, тројца на Клиниката за гастроентерохепатологија и исто толку на Клиниката за очни болести, додека четворица болни се примени на Клиниката за нефрологија. Во Ковид-центарот во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ имало 11 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника биле примени 10 во текот на вчерашниот ден. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 30 оздравени пациенти.

    Во моментов, на Кожната клиника во Ковид-центарот се лекуваат 25 пациенти, на Клиниката за неврологија 36 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 51 пациент со симтоми на коронавирусот, на Клиниката за Гастроентерохепатологија се лекуваат вкупно 26 лица, во Ковид-центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 26 пациенти, а на Клиниката за очни болести 19 пациенти.

    Во „8 Септември“ има вкупно 105 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 156 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 34 пациенти, од кои 10 деца и 24 возрасен. Во Ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 836 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот. Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на Инфективните оддели во Скопје и во болниците низ земјава е 1.314 и има колку 130 празни болнички кревети во Ковид-центрите.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира