КРИВИЧНА ПРИЈАВА И ЗА ЛИЦЕТО КОЕ ГО ВОЗЕШЕ ПАЛЕВСКИ ДО ТУРЦИЈА

    КРИВИЧНА ПРИЈАВА И ЗА ЛИЦЕТО КОЕ ГО ВОЗЕШЕ ПАЛЕВСКИ ДО ТУРЦИЈААдвокатот Васко Стојков кој пак го возеше Палевски од Скопје до Белград е сѐ уште на распит во полициска станица. (Фото: Принтскрин Фејсбук)

    Ќе биде поднесена кривична пријава и за Стефан Димковски кој го возеше убиецот на 14-годишната Вања Ѓорчевска, Љупчо Палевски-Палчо, од Србија до Турција. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска кажа дека согласно сето она што е добиено од распитот на Димковски ќе се поднесе кривична пријава.

    Адвокатот Васко Стојков кој пак го возеше Палевски од Скопје до Белград е сѐ уште на распит во полициска станица, по што ќе се знае дали и за него ќе се поднесе кривична пријава.

    Како што кажа Спасовски, Палевски патувал до Турција со македонски пасош.

    Палески беше уапсен во турскиот град Баликесир и сега се чека негова екстрадиција.

    Во Србија осомничениот за убиствата 14-годишната Ѓорчевска и 74-годишниот Жежовски заминува на 1 декември со неговиот адвокат од Скопје со автомобил ‘шкода суперб’ и e оставен во хотел. Оттаму наредниот ден го презема друго лице од Скопје и со џип марка ‘ренџ ровер“ и преку граничниот премин Градина влегува во Бугарија. Има транспорт низ територијата на Бугарија и влегува во Турција.

    Во Турција оди во градот Баликесир и нашите служби стапуваат во контакт, не само со полицијата, туку и со нивен оперативен извор, кој за многу кратко време ни врати информација дека тој се наоѓа во Беликесир и ни кажа за неговите намери, дека оттука има намера да замине за Истанбул. Односно, симулира дека оди за Истанбул со такси, но пак се враќа во градот и потоа од колегите од Турција е уапсен, како се движи пешки по еден од автопатите во Баликесир“, изјави Спасовски во понеделникот кога соопшти дека Палески е уапсен.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира