КРИВИЧНИОТ СУД ГО ПРИФАТИ ОБВИНЕНИЕТО ЗА „ТВРДИНА“, НЕМА ПРЕЧКА ДА СЕ ЕКСТРАДИРААТ ГРУЈЕВСКИ И БОШКОСКИ

    КРИВИЧНИОТ СУД ГО ПРИФАТИ ОБВИНЕНИЕТО ЗА „ТВРДИНА“, НЕМА ПРЕЧКА ДА СЕ ЕКСТРАДИРААТ ГРУЈЕВСКИ И БОШКОСКИЕксдиректорот на УБК Сашо Мијалков, еден од обвинетите во „Тврдина“ во Апелациониот суд на 23 јули, кога му беа потврдени мерките на претпазливост. (Фото: СДК.МК)

    Основниот суд Скопје 1 го прифати обвинението за предметот „Тврдина“ на Специјалното јавн обвинителство (СЈО), со кое кривично се гонат уапсените во Солун Горан Грујевски и Никола Бошкоски.

    Покрај Грујевски и Бошковски, во „Тврдина“ обвинети се и ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков, ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, и Тони Јакимовски кој беше шеф на Кабинетот на Мијалков.

    Обвинението за масовното прислушување во случајот „Таргет“, каде исто така се товарат Грујевски и Бошкоски, нема потреба да се оценува, зашто, како што ни појаснуваат од Кривичниот суд, тоа е обвинителен предлог и се води по скратена постапка.

    Со тоа и дефинитивно нема пречка да биде комплетиран предметот за екстрадиција на уапсените главни обвинети, кои се чека да бидат спроведени во екстрадициона постапка од Грција.

    АКМИС-системот треба да определи кај кој судија или кај кои судии ќе се паднат „Тврдина и „Таргет“, за главен судски претрес. Судиите треба да закажат почеток на судењата.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира