КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТАЛЕСКИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТАЛЕСКИ

    На битолскиот градоначалник Владимир Талески Основниот суд Скопје 1 му изрече мерка куќен притвор во траење од 30 дена, стои во соопштението објавено доцна попладнево на веб страницата на судот. Во него пишува дека куќниот притвор му се изрекува на барање на СЈО за случајот „Транспортер“.

    Куќниот притвор ќе почне да се смета од неговото наоѓање и лишување од слобода.

    Вака одлучи судот по жалбата на СЈО и на осомничекиот Талески против решението на судија на претходна постапка кои се одбиваат како неосновани.

    Во соопштението пишува дека истовремено се забранува осомничениот да го

    напушти своето живеалиште без дозвола од судот, а доколку не се придржува на

    забраната, против него ќе се определи мерка притвор. Надзорот над куќниот

    притвор се наложува да го извршува СВР Битола при што овластени службени

    лица од подрачната полициска станица во одредени временски интервали,

    ненајавено во текот на 24 часа, ќе го проверуваат присуството на осомничениот во неговиот дом. За секое непочитување на решението од осомничениот се задолжува надлежна полициска станица веднаш да го извести Основен суд Скопје 1 -Скопје.

    Талески беше на распит во скопскиот суд во Скопје во понеделникот, кога му беше одземен и пасошот. Тој е осомничен за случајот Тарнспортер заедно со уште 21 лица за организирање на поскап школски превоз од реалните цени. За овој случај во притвор беше и неговиот најблиок соработник и секретар на општина Битола, Слободан Бончановски, а пасошите им беа одземени и на други лица. Се товарат за 360 000 евра.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари