ЛЕКАРСКА ЕКИПА ГО ПРЕГЛЕДУВА БОКИ 13 НА СУДЕЊЕТО ЗА „РЕКЕТ“, РУСКОВСКА ВЕЛИ ТРЕБА ДА СЕ СЛУШААТ ЛЕКАРИТЕ ОД „8 СЕПТЕМВРИ“

    ЛЕКАРСКА ЕКИПА ГО ПРЕГЛЕДУВА БОКИ 13 НА СУДЕЊЕТО ЗА „РЕКЕТ“, РУСКОВСКА ВЕЛИ ТРЕБА ДА СЕ СЛУШААТ ЛЕКАРИТЕ ОД „8 СЕПТЕМВРИ“Од прегледот ќе зависи дали судењето ќе почне со давање воведни зборови на обвинетите и одбраната, или ќе се одложи. - Обвинетиот Боки 13 на судењето на „Рекет“ (Фото: К. Попов)

    Обвинетиот Бојан Јовановски со доцнење од 45 минути дојде во судницата каде го чекаа другите двајца обвинети во „Рекет“ Катица Јанева и Зоран Милевски. Го придржуваа под раце двајца полицајци.

    „Не се чувствувам добро, имав 10 повраќања, не се сеќавам колкава ми е хипертензијата. Имам нова дијагноза, не ја знам. Јас сакав активно да учествувам на судењево, но не можам рационално да мислам и зборувам. Сакав јас да зборувам, но не можам. Не се чувствувам добро“, рече Јовановски.

    Обвинителката Вилма Русковска по ова стана и кажа:

    „Судија, ниеден лекар не би си ја ризикувал работата и лиценцата и да напише дека пациентот, во случајов Бојан Јовановски, дека е во добра здравствена состојба, а да не е добар“, рече обвинителката Вилма Рускоска, повикувајќи се на извештајот на специјалистите од Градската болница „8 Септември“, според кои Јовановски е пуштен од болница во добра здравствена состојба.

    Судот се повлече 20-тина минути. Остави на лекарската екипа да изврши преглед на обвинетиот Јовановски.

    Од прегледот ќе зависи дали судењето ќе почне со давање воведни зборови на обвинетите и одбраната, или ќе се одложи.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари