ЛУЗНАТА НА ГЛАВАТА ГАРАНТИРА ДЕКА ДОГОВОР ЗА АМНЕСТИЈА НЕМА, РЕЧЕ ЗАЕВ НА ДЕБАТАТА СО НОВИНАРИТЕ

    ЛУЗНАТА НА ГЛАВАТА ГАРАНТИРА ДЕКА ДОГОВОР ЗА АМНЕСТИЈА НЕМА, РЕЧЕ ЗАЕВ НА ДЕБАТАТА СО НОВИНАРИТЕЛидерот на СДСМ откри дека имало отворени разговори за амнестија на врхушката на власта, но нема договор. - Зоран Заев, неговите пратеници и обезбедувањето раскрвавени по претепувањето во Собранието на 27 април (Фото: Г. Трпеноски)

    Премиерот Зоран Заев на вчерашната дебатна емисија на јавниот сервис МТВ рече дека имало барање за амнестија на врхушката на власта во периодот од две и пол годишното траење на политичката криза.

    „Во периодот од две и пол годишното траење на политичката криза, да, имаше отворени разговори за амнестија на врхушката на власта. Нормално, нема договор“, одговори премиерот Зоран Заев на прашањето дали имало барања за амнестија од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер Никола Груевски.

    Заев потенцираше дека правната држава и законот мора да важи подеднакво за сите.

    „Убеденоста дека правната држава и законот мора да важи за сите, на крајот ја гарантира и оваа лузна која најверојатно ќе ја носам до крајот на мојот живот. Законот има да важи еднакво за сите. Па ако сака нека е мојот прв соработник, или мојот прв член на семејството кој е до мене“, рече Заев.

    Од ВМРО-ДПМНЕ веднаш реагираа со соопштение дека Заев лажел дека кој било од таа партија побарал каква било амнестија.

     

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари