МАКЕДОНИЈА ДОБИ ГРАНТ ОД 9 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ГЕРМАНИЈА ЗА ИЗГРАДБА НА ВОДОВОД, КАНАЛИЗАЦИЈА И СИСТЕМ ЗА НАВОДНУВАЊЕ

    МАКЕДОНИЈА ДОБИ ГРАНТ ОД 9 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ГЕРМАНИЈА ЗА ИЗГРАДБА НА ВОДОВОД, КАНАЛИЗАЦИЈА И СИСТЕМ ЗА НАВОДНУВАЊЕГерманскиот амбасадор Томас Герберих и министерот за финансии Драган Тевдовски денес потпишаа спогодба за финасиска соработка, со што Македонија доби грант од 9 милиони евра

    Владата на Германија преку КФВ банката даде грант од 9 милиони евра, со кои ќе се реализираат два проекти, односно наменети се за програмата за наводнување на јужната долина на реката Вардар и за програмата за водовод и канализација. Германскиот амбасадор во земјава Томас Герберих и министерот за финансии Драган Тевдовски денес во Владата потпишаа спогодба за финансиска соработка меѓу двете земји, со што Македонија доби 9 милиони евра неповратни средства.

    Министерот Тевдовски рече дека преку програмата за водовод и канализација е обезбедено водоснабдување за околу 400.000 жители од осум општини, односно за Битола, Гостивар, Гевгелија, Кавадарци, Неготино, Радовиш, Кочани и Тетово.

    „Владата на Сојузна Република Германија преку КфВ банката за општините Гевгелија и Кавадарци доделува грант во вкупен износ од 5 милиони евра за финансирање на нови инвестиции и техничка помош во рамки на програмата за водовод и канализација. Во делот на изградба на системи за наводнување, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја реализира втората фаза од програмата за наводнување на јужната долина на реката Вардар, која опфаќа спроведување на мерки за рехабилитација, модернизација и проширување на системот за наводнување во Валандово. За оваа фаза владата на Германија преку КфВ банката додели заем во износ од 10,25 милиони евра и 1 милион евра грант средства. Денес, овој фонд на средства се зголеми со дополнителни 4 милиони евра грант наменети за инвестиции и техничка помош за оваа Програма“, рече Тевдовски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира