Премиерот Зоран Заев вечерва се сретна со претседателот на УЕФА Александер Чеферин и му се заблагодари за поддршката што ја доби Македонија со организацијата на Супер купот во Скопје, соопшти владината прес-служба.
На приемот во МНТ за претставниците на Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, како и на УЕФА, Заев кажал дека „се создадени сите услови овој врвен спортски настан да се одржи во најдобра атмосфера и дека Република Македонија и Скопје како домаќини, ќе ги оправдаат довербата и очекувањата и дека го заслужуваат вниманието на светот кое денеска и утре е свртено кон спортското одмерување на сили на фудбалските ѕвезди од Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид“.
На приемот беа и собранискиот спикер Талат Џафери и вицепремиерот Кочо Анѓушев.