МАКЕДОНИЈА ПРЕКУ ЕУ ЌЕ ДОБИЕ УШТЕ ДОЗИ ОД ЛЕКОТ РЕМДЕСИВИР ЗА ТРЕТМАН НА ПАЦИЕНТИ СО КОВИД-19

    МАКЕДОНИЈА ПРЕКУ ЕУ ЌЕ ДОБИЕ УШТЕ ДОЗИ ОД ЛЕКОТ РЕМДЕСИВИР ЗА ТРЕТМАН НА ПАЦИЕНТИ СО КОВИД-19Лекот ја нарушува способноста на вирусот да направи илјадници копии од себе и според студиите, ова може да го скрати текот на инфекцијата. (Фото: Дојче веле)

    Македонија ќе добие дополнителни количини од лекот Ремдесивир преку Европската Унија, соопшти Министерството за здравство. Европската Комисија потпиша рамковен договор со фармацевтската компанија „Џилеад“,  за набавка на 500.000 дози од „Веклури“, бренд името на лекот Ремдесивир, со можност за дополнително зголемување на количините. Земјава веќе го има лекот преку Клиничката студија на Светската здравствена организација (СЗО).

    Заедничкиот договор за набавка е потпишан од 36 земји, вклучувајќи ги земјите од Европската Унија, Норвешка и Исланд, Обединетото Кралство и шест земји сегашни и потенцијални ЕУ кандидати, во кои освен Северна Македонија, директна набавка на лекот можат да направат и Албанија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово.

    „Ремдесивир е лек за третман на пациенти со ковид-19 на кои им е потребна кислородна поддршка, а постапката за директна нарачка на лекот може да започне уште веднаш“, велат од Министерството.

    Ремдесивир е лек кој влијае откако вирусот ќе зарази една од клетките на телото. Лекот ја нарушува способноста на вирусот да направи илјадници копии од себе и според студиите, ова може да го скрати текот на инфекцијата.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира