МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК Е ВАШ ЈАЗИК И ЕВРОПСКАТА УНИЈА ГО ПОЧИТУВА ТОА, РЕЧЕ ШАРЛ МИШЕЛ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЕВРОПСКИОТ СОВЕТ

    МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК Е ВАШ ЈАЗИК И ЕВРОПСКАТА УНИЈА ГО ПОЧИТУВА ТОА, РЕЧЕ ШАРЛ МИШЕЛ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЕВРОПСКИОТ СОВЕТМакедонци, имате шанса да бидете првак во проширувањето на ЕУ, кажа Мишел (Фото: Ѓ. Личоски)

    Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел кој денеска престојува во Скопје и се сретна со претседателот Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски, со спикерот Талат Џафери и со координаторите на пратеничките групи за да ги увери лично дека предлогот за кревање на бугарското вето, според него, е одлична можност Македонија да ги почне преговорите за членство во ЕУ, од Владата кажа дека македонскиот јазик е наш и Унијата го почитува тоа.

    Македонскиот јазик е ваш јазик и Европската унија го почитува тоа. Законодавството на ЕУ ќе биде преведено на македонски јазик. Можете да сметате на мене дека систематски ќе стојам зад вашите легитимни права. Предлогот е балансирано решение во кое се вметнати вашите загрижености за да се отпочнат преговорите со Северна Македонија“, кажа Мишел.

    Првата меѓувладина конференција би можела да се организира во следните неколку денови ако предлогот биде прифатен од македонската наша страна, а потоа почнува скринингот, рече претседателот на Европскиот совет.

    Македонци, имате шанса да бидете првак во проширувањето на Унијата“, повика Мишел на заедничката прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски и додаде, во име на посветлата иднина на нашите деца, дека можеме да сметаме на политичка и економска поддршка од ЕУ, како и на лојалност од нејзина страна.

    САКАМДАКАЖАМ.МК го праша Мишел: Зошто Европската унија застана зад примитивните барања на својата земја-членка Бугарија – која тврди дека не постои македонска нација и македонски јазик? Мишел рече дека не се согласува со нашата констатација и дека тој секогаш во ЕУ ги бранел правата на Македонците.

    Премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференцијта повтори дека со европскиот предлог е заштитен македонскиот јазик и историските прашања не се дел од преговарачката рамка.

    „Собранието ќе донесе одлука дали ќе ги отпочнеме преговорите со ЕУ и ќе донесе заклучоци откако Владата до пратениците ќе го достави европскиот предлог, билатералниот протокол и уште еден документ“, рече Ковачевски.

    Во однос на протестите пред Владата, кажа дека секој има легитимно право да протестира, но овие протести се организирани од партија која јавно кажува дека е против ЕУ и НАТО.

    „Протестот треба да биде во рамки на законите. Вчера имавме четири повредени полицајци. Денес се планира нешто што не доликува на држава членка на НАТО“, кажа Ковачевски.

    Како што кажа Ковачевски, на денешната владина седница немало точка за усвојување на европскиот предлог.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира