МАСКИТЕ ДА БИДАТ ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ВО БОЛНИЦИТЕ И АМБУЛАНТИТЕ, ПРЕПОРАЧУВА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ

    МАСКИТЕ ДА БИДАТ ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ВО БОЛНИЦИТЕ И АМБУЛАНТИТЕ, ПРЕПОРАЧУВА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИВо земјава има мал број заразени со ковид-19. (Фото: К. Попов)

    Комисијата за заразни болести ќе му препорача на Министерството за здравство задолжително да се носат маски во здравствените установи, рече денеска портпаролот на Комисијата д-р Злате Мехмедовиќ.  Тој кажа дека во земјава има мал број заразени со ковид-19. Сепак, истакна дека не може лесно да се собере материјалот кој треба да се обработи.

    МИА објави дека на состанокот се дискутирало за состојбата со коронавирусот во земјава, а била донесена препораката за задолжително носење на маските во здравствените установи.  Ова, како што вели Мехмедовиќ, е за да се минимизира можноста за пренесување на заразата, особено онаму каде што имаме загрозени групи кои можат да бидат подложни на тешка компликација како резултат на инфекција со ковид-19.

    Засега нема препораки за маски во јавниот превоз и домовите за стари лица и лицата со посебни потреби, а за носењето маски во аптеките, Мехмедовиќ појаснува дека во тие објекти препораките се неформални.

    За целокупната ситуација во земјата и бројот на лекови, како и вакцинацијата, било заклучено дека во моментов во државата има доволно вакцини и лекови кои што можат да бидат на располагање.

    Сто и дванаест заболени од ковид-19 се регистрирани во август во земјава, а во однос на јули, се регистрира зголемување на бројот на пријавени за 4,6 пати, вели Институтот за јавно здравје, Шабан Мемети. Тестирани биле 512 материјали, што е зголемување на бројот на тестирани за 1,4% во однос на јули (505).

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира