МАСКИТЕ НЕ ГО РЕШАВААТ ПРОБЛЕМОТ СО АЕРОЗАГАДУВАЊЕТО, НО ЌЕ ГИ ЗАШТИТИМЕ ХРОНИЧНО БОЛНИТЕ, ВЕЛИ ФИЛИПЧЕ

    МАСКИТЕ НЕ ГО РЕШАВААТ ПРОБЛЕМОТ СО АЕРОЗАГАДУВАЊЕТО, НО ЌЕ ГИ ЗАШТИТИМЕ ХРОНИЧНО БОЛНИТЕ, ВЕЛИ ФИЛИПЧЕМинистерството за здравство сè уште собира бројки на колку деца им се потребни маски и го утврдуваат начинот на кој ќе ги дистрибуираат (Фото: СДК.МК)

    Министерот за здравство Венко Филипче вели дека маските не го решаваат проблемот на луѓето со аерозагадувањето, но дека сè уште ги утврдуваат бројките на колку деца им се потребни и бараат начин како да ги дистрибуираат до граѓаните.

    По вчерашната негова изјава дека размислуваат да им поделат маски на граѓаните, како една од можните мерки за заштита од аерозагадувањето, Филипче денеска рече дека ги собрале бројките за хронично болните пациенти, но дека сè уште немаат податоци на колку деца им се потребни.

    „Извлековме првични податоци дека имаме 43.000 хронично болни, а бројката на деца за кои се потребни маски сè уште се утврдува и бараме начин како да им ги поделиме маските. Со Министерството за животна средина веќе утврдивме дека маските не го решаваат проблемот, но сепак се некаква форма на заштита. Ќе настојуваат што побргу да се најде решение и да им се поделат маските на хронично болните и на децата“, рече Филипче.

    Оваа мерка за ризичните групи тој вчера ја најави по реакција на граѓаните на социјалните мрежи, кои веќе со недели алармираат на загадениот воздух, кој е 10 до 11 пати над дозволеното.

    Е. БОЧВАРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира