МАТУРАТА ЌЕ СЕ ПОЛАГА НА 5 ЈУНИ, ДОТОГАШ МОН, НАСТАВНИЦИ И СРЕДНОШКОЛЦИ ЌЕ ТРЕБА ДА ГО СКРАТАТ МАТЕРИЈАЛОТ ЗА УЧЕЊЕ

    МАТУРАТА ЌЕ СЕ ПОЛАГА НА 5 ЈУНИ, ДОТОГАШ МОН, НАСТАВНИЦИ И СРЕДНОШКОЛЦИ ЌЕ ТРЕБА ДА ГО СКРАТАТ МАТЕРИЈАЛОТ ЗА УЧЕЊЕПaдна договор за екстерните испити, со кој секој матурант пак би ги имал потребните 4 матурски испити за упис на факултет (Фото:СДК.МК)

    Премиерот Зоран Заев од една и лидерот на Сојузот на средношколци Бленди Ходаи од друга страна, денеска ги соопштија договорените точки според кои матура ќе почне да се полага место на 29 мај, на петти јуни. Дотогаш ќе треба да се скрати програмата, обемот на материјата за полагање.

    „Време на пандемија е и беше потребно да излеземе во пресрет на барањата на средношколците во однос на матурата. Се договоривме за два екстерни испита, додека за третиот се договоривме да се трансформира во интерен испит. Вака, ниту еден матурант нема да има проблем да се запише на еден од престижните домашни или странски универзитети“, зборуваше прв Заев.

    Со Ходаи се договориле да се формира работна група меѓу Бирото за развој на образованието од МОН и претставници на Сојузот на средношколци, која ќе одлучува за кратење на програмите за екстерните испити. Во работата ќе учествуваат и наставници номинирани од Сојузот на средношколци. Со групата ќе претседава претставник од канцеларијата на претседателот на Владата. Целиот овој процес треба да заврши некаде до средината на март.

    Матурата ќе почне една недела подоцна, место на 29 мај, да почне на петти јуни 2021 година, рече Заев.

    Покрај договорот за екстерните испити, со кој секој матурант пак би ги имал потребните 4 матурски испити за упис на факултет и договореното да се формира работната група за скратување на програмата за екстерните испити, постигнат е компромис за уште 8 работи.

    „Наставниците кои ќе работат во групата треба материјалите за полагање и банките со прашања треба да ги подготват и споделат најдоцна три недели пред денот на испитот. Банките треба да содржат најмалку 60, најмногу 100 прашања. Се договоривме за зголемување на коефициентот кај екстерниот испит од 0,5 на 0,9, односно од 5 на 9 поени. Државниот испитен центар да го врати испитот по естетика и философија како втор екстерен испит во уметничките училишта. Првиот екстерен испит, мајчин јазик, да биде сметан за соодветен од страна на сите високообразовни институции. Универзитетите да објават кои од листата на наставни предмети се соодветни за нивните студиски програми. Со цел учениците да ги пронајдат своите испити, треба повторно да си ги регистрираат своите испити. Краен рок за ова предлагаме да биде петти март“, ги соопшти компромисните, конечни решенија, лидерот на Сојузот на средношколци Бленди Ходаи во присуство на премиерот Заев.

    Ходаи на сите средношколци им честиташе за покажаното единство докрај, а Заев нему и на сите средношколци им се заблагодари за слухот што го покажале за ставовите на Министерството за образование и на Владата.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира