МЕДИЦИНСКИТЕ СЕСТРИ БАРААТ ИСТО ПОКАЧУВАЊЕ КАКО ЛЕКАРИТЕ

    МЕДИЦИНСКИТЕ СЕСТРИ БАРААТ ИСТО ПОКАЧУВАЊЕ КАКО ЛЕКАРИТЕ„Работата во здравството е тимска разлики во процентот на покачување на платите не смее да има“, вели Виолета Котевска, претседател на Комората на здравствени работници (Фото: СДК. МК)

    Медицинските сестри и здравствените работници не се согласуваат со најавеното зголемување на платите во здравството предвидени во предлог буџетот за 2019 година. Тие велат дека предлогот платите на лекарите да се покачат за 10 отсто од јануари 2019 година, а на останатите здравствени работници за 5 отсто од септември следната година за нив е неприфатлив.

    Виолета Котевска, претседател на Комората на здравствени работници, вели дека револтот кај сите здравствени работници е голем, бидејќи со тоа се прави поделба меѓу вработените во здравството. Таа рече дека со овие најавени покачувања на платите не се согласуваат ниту лекарите од скопските клиники.

    „Ставот на комората на здравствени работници е дека не се согласуваме со ова решение и бараме премиерот и министерот за финансии да го ревидираат. Ова не беше во програмата за работа на Владата која беше најавена. Веќе имаме неофицијална поддршка од Независниот синдикат на скопските клиники, а денес треба да се состанеме и да се донесат заклучоци. Здравствените работници од комплексот клиники бараат еднаков третман, а со ова решение не се согласуваат ниту лекарите, бидејќи нашата работа е тимска, во услови кога недостасуваат медицински сестри и има одлив на кадар“, вели Котевска.

    Е. БОЧВАРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира