МЕНИЦИТЕ НА КАНДИДАТИТЕ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ВМРО-ДПМНЕ БИЛЕ ОСТАВАНИ КАЈ ОБВИНЕТАТА БРИШКОСКА, СЕ СЛУШНА ВО РАЗГОВОР НА ЈАНАКИЕСКИ НА „ТИТАНИК“

    МЕНИЦИТЕ НА КАНДИДАТИТЕ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ВМРО-ДПМНЕ БИЛЕ ОСТАВАНИ КАЈ ОБВИНЕТАТА БРИШКОСКА, СЕ СЛУШНА ВО РАЗГОВОР НА ЈАНАКИЕСКИ НА „ТИТАНИК“Во телефонски разговор од 2013 година, поранешниот министер Миле Јанакиески му вели на соговорникот да ги земе мениците од кандидатите за градоначалници и да ги однесе во штабот на ВМРО-ДПМНЕ. (Фото: СДК.МК)

    Пред локалните избори во 2013 година, тогашната владејачка ВМРО-ДПМНЕ собирала меници од кандидатите за градоначалници, открија бомбите за случајот „Титаник“ на СЈО, кои денеска се пуштаат како докази за злосторничко здружување и поткуп при избори, нелегално финансирање во изборна кампања и други кривични дела за кои се обвинети 21 лице, вклучувајќи и половина од бившото раководство на чело со Никола Груевски.

    Во телефонски разговор од 2013 година, непознато лице збори со обвинетиот Миле Јанакиески. Миле му вели да ги земе мениците и да ги однесе во штабот на ВМРО-ДПМНЕ: „Чуј се со Дејан. Земи ги мениците и однеси ги во штабот“.

    Соговорникот му кажува на Миле дека стигнал во штабот. Го прашува каде да ги остави мениците, на што Миле му одговара: „Остави ги на портирница кај Билјана Бришкоска“.

    Потоа имаше разговори околу финансирањето во кампањата. Јанакиески го прашува лицето: „Може ли да се префрлат пари од донации од партиска сметка, на сметка на партијата отворена за изборите? Колку точно може? А според Изборниот законик, колку може да донираат правни, а колку физички лица?“

    Во следниот разговор, Јанакиески кажува дека нашле решение за парите и оти работата е готова.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира