МЕРКАТА ПРИТВОР ЗА НАЧАЛНИКОТ НА УБК ЗАМЕНЕТА СО КУЌЕН ПРИТВОР

a:2:{s:11:"td_subtitle";s:227:"ВосоопштениетоодСудотсенагласувадекапоправосилностанаовааодлукастранкитеимаатправонажалбадоповисокиотсуд";s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    МЕРКАТА ПРИТВОР ЗА НАЧАЛНИКОТ НА УБК ЗАМЕНЕТА СО КУЌЕН ПРИТВОР

    Судот ја замени мерката притвор за началникот на Петтата управа во УБК со куќен притвор.
    Кривичниот совет при Основниот суд Скопје, денес донесе одлука, со која го смени решението на судијата на претходна постапка.
    “Постапувајќи по жалбата на одбраната на осомничениот против решението на судија на претходна постапка за прифаќање на предлогот на Обвинителството за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите (СЈО), за определување мерка притвор на осомничениот, денеска одржа седница на која донесе одлука со која го преиначи решението на Судијата на претходна постапка и мерката притвор за осомничениот ја замени со мерка куќен притвор”, соопшти Судот.
    Во соопштението се нагласува дека “по правосилноста на оваа одлука странките имаат право на жалба до повисокиот суд”.
    Во однос на прашањата од повеќе медиуми за останатите предлози за обезбедување присуство, поднесени од Специјалното обвинителство, Судот информира:
    “До Судија на претходна постапка досега се доставени предлози за определување мерки за обезбедување присутво, за кои судијата испрати покани до странките во текот на наредната недела да се јават во судот за да се произнесат во врска со предлозите, по што ќе донесе одлука за која ќе ја информираме јавноста”.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари