На инаугурацијата на претседателот Стево Пендаровски во Собранието присуствуваа претседателите на Албанија Илир Мета, на Бугарија Румен Радев, на Косово Хашим Тачи и на Србија Александар Вучиќ, како и министрите за надворешни работи на Грција и на Црна Гора.
Не беше присутен премиерот Зоран Заев, кој е на одмор и му се обрати на новиот претседател со видеопорака пред инаугурацијата.
Пред обраќањето од собраниската говорница, Пендаровски даде свечена заклетва дека ќе ја извршува функцијата совесно и одговорно, дека ќе ги почитува Уставот и законите и ќе ги штити независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на земјата.
М. ИЛИОСКИ