МИЛЕ ЈАНАКИЕСКИ ОДБИВАЛ ДА ЈА ПРИМИ ЗАТВОРСКАТА ХРАНА ВО ШУТКА

    МИЛЕ ЈАНАКИЕСКИ ОДБИВАЛ ДА ЈА ПРИМИ ЗАТВОРСКАТА ХРАНА ВО ШУТКАЈанакиески од петокот е во притвор во затворот во Шутка, како осомничен во најновата истрага за незаконитости со градежни парцели. (Фото: СДК.МК)

    Поранешниот министер Миле Јанакиески кој во петокот од куќен, беше однесен во притвор во затворот во Шутка, како осомничен во најновата истрага за незаконитости со градежни парцели со кој ја оштетил државата за над 2,7 милиони евра, одбивал да ја прими затворската храна. Судијата на претходна постапка од Кривичниот суд кој нему и уште на шест лица им одреди притвор, бил телефонски известен за ова, но чека официјален допис од директорот на затворот во Шутка Есад Рахиќ.

    Не се знаат причините поради кои Јанакиески одбивал да јаде од затворската храна. Нема официјален став сѐ уште дали почнал штрајк со глад, или ја одбива само храната од затворот.

    Претходно Јанакиески беше во притвор како обвинет за организација на нападот и насилствата во Собранието на 27 април 2017 година. Тој таму кратко поседе со Спире Ристовски, кој е обвинет за истото дело, но по инцидентот со обвинети од случајот „Диво насеље“, Јанакиески доби куќен притвор, а Ристовски остана и сѐ уште е во Шутка.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира