МИНИСТЕРКАТА ПЕТРОВСКА СЕ ВРАЌА ОД ВАШИНГТОН СО ГРАНТ ОД 40 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ЗА МОДЕРНИЗАЦИЈА НА АРМИЈАТА

    МИНИСТЕРКАТА ПЕТРОВСКА СЕ ВРАЌА ОД ВАШИНГТОН СО ГРАНТ ОД 40 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ЗА МОДЕРНИЗАЦИЈА НА АРМИЈАТАОд македонската страна, во стратешкиот дијалог со САД учествуваа министрите за надворешни работи и економија Бујар Османи и Крешник Бектеши, како и министерката за одбрана Славјанка Петровска. (Фото: Министерство за одбрана)

    САД ќе помогнат за модернизација на македонската армија со финансиска помош од 40 милиони долари, беше потврдено денеска во рамките на стратешкиот дијалог во Вашингтон помеѓу Северна Македонија и Соединетите Американски Држави, соопштија од Министерството за одбрана.

    Од македонската страна, во стратешкиот дијалог учествуваа министрите за надворешни работи и економија Бујар Османи и Крешник Бектеши, како и министерката за одбрана Славјанка Петровска, која кажа дека Владата и нејзиното министерството остануваат цврсто на ставот за раст на одбранбениот буџет од 1,77 отсто од БДП годинава до 2 отсто до 2024 година, вклучително и на одредбата 20 отсто од овој буџет да биде наменет за опремување и модернизација.

    Во контекст на модернизацијата, Петровска се заблагодари за финансиската учество од САД во набавката на новите лесни оклопни транспортери кои значајно ќе влијаат на подобрувањето на капацитетите на Армијата.

    Претставник на Пентагон на стратешкиот дијалог беше заменик-помошничката на секретарот за одбрана на САД, Лора Купер, која рече дека напорите за развој на армиските капацитети се за пример, што може да се види и преку инвестирањето во нова и софистицирана опрема согласно планирачкиот процес на НАТО и стандардите на Алијансата.

    Купер додаде дека САД досега вложиле речиси 45 милиони долари во модернизацијата на Армијата и дека само оваа година се планира вложување од дополнителни 40 милиони долари преку програмата за воено финансирање и програмата 333.

    САД ќе ја поддржат Северна Македонија со експертска, како и со финансиска помош од 4,5 милиони долари преку програмата 333, наменети за градење на капацитети за сајбер одбрана.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира