МИНИСТЕРКАТА ЗА КУЛТУРА КАНЧЕСКА-МИЛЕВСКА ДОЈДЕ НА РАСПИТ ВО СУДОТ, ВЛЕЗЕ ОД ЗАДНИОТ ВЛЕЗ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    МИНИСТЕРКАТА ЗА КУЛТУРА КАНЧЕСКА-МИЛЕВСКА ДОЈДЕ НА РАСПИТ ВО СУДОТ, ВЛЕЗЕ ОД ЗАДНИОТ ВЛЕЗ

    Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска дојде на распит во Основниот суд Скопје 1. Таа во судот влезе од задната врата што ја користат вработените за да ги избегне камерите на медиумите што ја чекаа пред судот,во придружба на адвокатот.

    Министерката е првоосомничена од четворицата осомничени во случајот „Тендери“, што Специјалното јавно обвинителство го објави минатиот четврток. Специјалното јавно обвинителство уште пред една недела испратило барање до судот на двајца осомничени во случајот да им бидат одземени пасошите и еднаш неделно да се јавуваат кај службено лице во судот.

    Во судот влезе и специјалната јавна обвинителка Фатиме Фетаи.

    „Тендери“ се однесува на склучување договор меѓу Министерството за култура и правното лице „Бетон Штип“ за извршување завршни градежни работи на Музејот на ВМРО. Покрај првоосомничената министерка за култура Канческа-Милевска, осомничени се и три други лица од Комисијата за јавни набавки од истото министерство. СЈО ја сомничи министерката дека уште пред да биде распишан тендер, на 20 јуни, 2011 на бившиот директор на компанијата, сведок во СЈО, му рекла да не чека, да гради, оти условите за тендерот министерството ги мести за најповолен понудувач да биде „Бетон Штип“.

    „’Бетон Штип’ без спроведена постапка, односно без јавна набавка, ги извршувал градежните работи и кога бил објавен огласот за јавна набавка, формално учествувал во постапката. Од Министерство за култура до ’Бетон’, заклучно со  31 декември 2013 година, биле исплатени 54.501.336 денари“, кажа обвинителката Фатиме Фетаи на прес-конференцијата.

    Министерката Канческа-Милевска истиот ден на речиси двочасовната прес конференција ги покажуваше договорите и тврдеше дека „Бетон Штип“ нема градежни активности за доградба на Музејот на ВМРО пред да го добие тендерот на 5 август 2011 година.

    Основниот суд Скопје 1 во вторникот објави дека нема да кажува кога ќе се повикуваат на распит осомничените во случаите на Специјалното јавно обвинителство “за да не се прават спектакли“.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира