МИНИСТЕРОТ САЛИ И ВЕРСКИТЕ ЛИДЕРИ АПЕЛИРААТ ГРАЃАНИТЕ ДА СЕ ВАКЦИНИРААТ ПРОТИВ КОВИД-19

    МИНИСТЕРОТ САЛИ И ВЕРСКИТЕ ЛИДЕРИ АПЕЛИРААТ ГРАЃАНИТЕ ДА СЕ ВАКЦИНИРААТ ПРОТИВ КОВИД-19На средбата присуствуваа поглаварот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија Г. г. Стефан, поглаварот на Исламската верска заедница Шаќир Фетаху, бискупот на Католичката црква Киро Стојанов и претседателот на Еврејската заедница Пепо Леви. (Фото: К. Попов)

    Министерот за здравство Беким Сали денеска имаше средба со поглаварите на верските заедници во земјава, по која заедно упатија апел до граѓаните да се вакцинираат против ковид-19. На средбата присуствуваа поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) Г. г. Стефан, поглаварот на Исламската верска заедница Шаќир Фетаху, бискупот на Католичката црква Киро Стојанов и претседателот на Еврејската заедница Пепо Леви.

    „Во време на пандемија, кога секој е погоден од вирусот и кога голем дел од нас изгубија блиски, сакам на овој начин да упатам апел за вакцинација против оваа чума која веќе две години ни го смени начинот на живеење. Убеден сум дека ова е единствениот начин за заштита од ширење на вирусот и затоа вакцинирајте се“, кажа министерот Сали.

    Поглаварот на МПЦ (ОА) Г г. Стефан кажа дека црквата од почетокот апелирала да се почитуваат мерките и дека уште еднаш апелира верниците да се заштитат од вирусот со вакцинација.

    „Во посланијата за големите верски празници постојано апелиравме да се почитуваат мерките ,затоа што е подобро нешто да се спречи отколку да се лечи“, кажа Г. г. Стефан.

    Поглаварот на Исламската верска заедница Шаќир Фетаху кажа дека тие од почетокот на пандемијата донеле неколку одлуки за заштита од вирусот со оглед на препораките на Светската здравствена организација, Министерството за здравство и во рамките на правилата на исламските регулативи.

    „Во сите џамии на секоја петочна џамија апелиравме за почитување на мерките, а имавме наредба да се апелира до верниците да ја сфатат вакцинацијата сериозно“, рече Фетаху.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира