МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО ТАРАВАРИ ЌЕ ГИ УКИНЕ ПЛАЌАЊЕТО ПО УЧИНОК И ЕКОНОМСКИТЕ ДИРЕКТОРИ

    МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО ТАРАВАРИ ЌЕ ГИ УКИНЕ ПЛАЌАЊЕТО ПО УЧИНОК И ЕКОНОМСКИТЕ ДИРЕКТОРИНовиот министер најави дека веднаш ќе почне со подготовка на нов Закон за здравствена заштита. - Министерот за здравство Арбен Таравари (Фото: СДК.МК)

    Министерот за здравство Арбен Таравари најави дека прво што ќе направи по преземање на секторот здравство е да укинување на плаќањето по учинок на лекарите, што го воведе неговиот претходник Никола Тодоров, а најави и дека ќе ги укине економските директори во клиниките и болниците.

    „Сметам дека нема потреба од двајца директори на клиниките, односно дека нема потреба од економски директор. Таа работа може да ја вршат службеници. Немаме пари за луксуз. Плаќањето по учинок ќе го укинеме, а ќе најдеме начин како да се зголемат платите на докторите. Парите што се одвојувале досега за плати на економските директори на клиниките сметам дека треба да се искористат да се наградат тројца или четворица најдобри лекари на секоја клиника“, рече Таравари.

    Тој кажа дека веднаш ќе почне со подготовка на нов Закон за здравствена заштита, бидејќи постоечкиот е конфузен, многу пати е менуван и дополнуван и е практично нефункционален.
    „Ќе изработиме стратегија за здравството, која ќе биде најмалку 10-годишна и која ќе биде устав во здравството. Ние сме доктори, но во исто време сме и пациенти и сметам дека треба да имаме добар и функционален здравствен систем“, рече Таравари.

    Тој најави дека најверојатно ќе го укинат и интермедијарниот испит за студентите по медицина и за специјалистичките студии, но додаде дека треба прво да се консултира со колегите од Медицинскиот факултет и со Лекарската комора.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира