МИСЛАМ ДЕКА АЛБАНИЈА ЌЕ СЕ ОТВОРИ ЗА СИТЕ ГРАЃАНИ ВО РЕГИОНОВ, ВЕЛИ НИКОЛА ДИМИТРОВ

    МИСЛАМ ДЕКА АЛБАНИЈА ЌЕ СЕ ОТВОРИ ЗА СИТЕ ГРАЃАНИ ВО РЕГИОНОВ, ВЕЛИ НИКОЛА ДИМИТРОВ„Во моментов работат на конкретен план во поглед на отворањето на границите и од тоа што го слушнавме, мислам дека нивниот пристап ќе биде инклузивен односно ќе се однесува на сите граѓани од регионот“, вели министерот Никола Димитров за отворањето на границата од албанска страна. (Фото: СДК.МК)

    Министерот за надворешни работи Никола Димитров вели дека разговарале со албанските власти во врска со отворањето на границата и мисли дека отворањето ќе биде за сите граѓани, откако албанската државна новинска агенција АТА пренесе изјава на премиерот Еди Рама дека Албанија на 1 јуни ќе ги отвори границите за Албанците од соседните држави.

    „Разговаравме со Тирана, во моментов работат на конкретен план во поглед на отворањето на границите и од тоа што го слушнавме, мислам дека нивниот пристап ќе биде инклузивен односно ќе се однесува на сите граѓани од регионот“, изјави Димитров за САКАМДАКАЖАМ.МК.

    Текстот од албанската новинска агенција на албански и англиски јазик (принтскрин)

    Албанија ги затвори границите на 13 март за да го спречи ширењето на коронавирусот во земјата.

    „Албанија ќе ги отвори своите копнени граници за сите Албанци во соседните земји, кои имаат албански, косовски, македонски или црногорски пасош, почнувајќи од 1 јуни, соопшти премиерот Еди Рама“, објави албанската државна новинска агенција АТА.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари