МИЦКОСКИ ГИ ТЕРАШЕ ПРАТЕНИЦИТЕ ДА СТОЈАТ ДО ЅИД, СЕГА ГИ ТЕРА ДА ПОЧНАТ ИНИЦИЈАТИВА ЗА РАТИФИКАЦИЈА НА ЧЛЕНСТВОТО ВО НАТО, ВЕЛАТ ОД НЕЗАВИСНАТА ПРАТЕНИЧКА ГРУПА НА ВМРО-ДПМНЕ

    МИЦКОСКИ ГИ ТЕРАШЕ ПРАТЕНИЦИТЕ ДА СТОЈАТ ДО ЅИД, СЕГА ГИ ТЕРА ДА ПОЧНАТ ИНИЦИЈАТИВА ЗА РАТИФИКАЦИЈА НА ЧЛЕНСТВОТО ВО НАТО, ВЕЛАТ ОД НЕЗАВИСНАТА ПРАТЕНИЧКА ГРУПА НА ВМРО-ДПМНЕПратениците на ВМРО-ДПМНЕстанаа од своите места во Собранието и гласаа против отворање на Уставот, согласно Договорот од Преспа, на 25 октомври 2018. (Фото: СДК.МК)

    Независната пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ вели дека е многу чудно што лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе ѝ наложи на неговата пратеничка група да поднесе иницијатива за ратификација на протоколот за НАТО со одложено дејство, откако на истата пратеничка група ѝ наложи да стои покрај ѕидот кога отпочна постапката за додавање на географската одредница Северна на Република Македонија, што беше услов за отпочнување на процесот за влез во НАТО.

    „Христијан Мицкоски кој неколку пати го негира и потценува Јенс Столтенберг, Генералниот Секретар на НАТО дека промената на името е неопходна, сега ќе наложи пратениците да потпишат иницијатива за Северна Македонија да отпочне ратификација за членство во НАТО. Истите пратеници на кои пред само неколку дена им кажа дека не ги планира на идните пратенички листи. Потценувањето на суверенитетот на нивната особност е негов препознатчив стил, па во нивно име одлучува тој“, кажа пратеничката Емилија Александрова од Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

    Од Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ велат дека НАТО ќе било невозможно без нивната лична одговорност и храброст да ги почитуваат постулатите за ЕУ и НАТО. Велат и дека нивниот живот е загрозен поради манипулацијата на Христијан Мицкоски со дел од членството на ВМРО-ДПМНЕ, но овие денови кога македонското знаме се вее во Лондон тој се обидува да фати чекор.

    „Уште еднаш во стилот на ‘сичко добре’ со Борисов, можеби сега е на ‘неи’ на грчки, што значи ‘да’, го прифаќам пПреспанскиот договор ама ги лажам граѓаните за глас плус. После ова обезличување Мицкоски треба да си поднесе оставка“, велат од Независната група на ВМРО-ДПМНЕ.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари