МИЦКОСКИ ЌЕ ЈА ВРАТИ ЖЕЛЕЗНАТА ОГРАДА ОКОЛУ ЗГРАДАТА НА ВЛАДАТА КОЈА ЈА ПОСТАВИ ГРУЕВСКИ, А ЈА ТРГНА ЗАЕВ

    МИЦКОСКИ ЌЕ ЈА ВРАТИ ЖЕЛЕЗНАТА ОГРАДА ОКОЛУ ЗГРАДАТА НА ВЛАДАТА КОЈА ЈА ПОСТАВИ ГРУЕВСКИ, А ЈА ТРГНА ЗАЕВОд Владата велат дека оградата не било соодветно чувана и има оштетувања. (Фото: К. Попов)

    Владата одлучи да се врати металната ограда околу владината зграда. На денешната владина седница било одлучено оградата која беше поставена во времето на експремиерот Никола Груевски, а извадена од Зоран Заев, повторно да биде ставена околу дворот на зградата.

    „Со оглед на тоа што досега објектот на Владата е опкружен со нефункционална и нерепрезентативна ограда во сопственост на Министерството за внатрешни работи, Владата ја задолжи Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) да започне постапка за враќање на оградата на Владата која веќе еднаш беше поставена. Истовремено, директорот на СОЗР Ивица Томовски информираше дека оградата била несоодветно чувана под надворешни влијанија во објектот на касарната Илинден, за што ќе направат и дополнителна проценка“, се вели во соопштението од Владата.

    Оградата почна да се руши на 7 февруари 2019. (Фото: СДК.МК)

    Оградата околу зградата беше поставена во 2015 кога објектот доби барокна фасада, а чинеше околу 700 илјади евра. Кога СДСМ на чело со Зоран Заев како премиер дојде на власт во 2017, рече дека ќе ја отстрани оградата за да биде објектот отворен за граѓаните. Тоа беше едно од предизборните ветувања на премиерот Зоран Заев.

    Оградата беше тргната во февруари 2019, се сруши само нејзиниот метален дел, а бетонските столбови останаа, бидејќи, како што кажаа тогаш од Владата, нивното отстранување било скапо. Тогаш беше речено дека од оградата ќе се направат клупи и настрешници, но тоа не се случи.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира