МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ ПОБЕДА ВО ПРВ КРУГ ВО ПРИЛЕП, КАВАДАРЦИ, БУТЕЛ, КИСЕЛА ВОДА, ГАЗИ БАБА, ШТИП И УШТЕ ВО 8 ДРУГИ ОПШТИНИ

    МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ ПОБЕДА ВО ПРВ КРУГ ВО ПРИЛЕП, КАВАДАРЦИ, БУТЕЛ, КИСЕЛА ВОДА, ГАЗИ БАБА, ШТИП И УШТЕ ВО 8 ДРУГИ ОПШТИНИПретседателот на ВМРО-ДПМНЕ тврди дека пред победа се и во Аеродром, Битола и Охрид (Фото: Ѓ. Личовски)

    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски прогласи победа во 14 општини уште во првиот круг од локалните избори.

    Мицкоски им честиташе на кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и ги поздрави како идни градоначалници во следниве општини: Кисела Вода, Бутел, Гази Баба, Прилеп, Кавадарци, Виница, потоа на Зрновци, Петровец, Илинден, Карбинци, Свети Николе, Штип, Босилово, Неготино, натаму на Могила, Новаци и Јегуновце.

    Кажа дека пред победа се во Аеродром, Охрид и Битола. Мицкоски Куманово не го спомна за трка во вториот круг.

    За резултатите за Град Скопје, Мицкоски не спомна ништо, каде ВМРО-ДПМНЕ ја поддржа Данела Арсовска, која се кандидира како независен кандидат.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира