МНР ГИ ПОВИКА МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ДА СИ ЗАМИНАТ ОД УКРАИНА

    МНР ГИ ПОВИКА МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ДА СИ ЗАМИНАТ ОД УКРАИНАУкраински војници ги растовараат противтенковските ракети добиени како помош од САД на аеродромот во Киев. (Фото: АП)

    Македонското Министерство за надворешни работи (МНР) апелира до сите македонски државјани кои во претстојниот период планирале посета на Украина да избегнуваат патувања во земјата, а сите наши државјани кои сега се во Украина ако имаат можност во најскоро време да ја напуштат земјата.

    МНР ги повика граѓаните кои се во Украина да ја контактираат амбасадата во Киев, за да достават свои податоци, а може да се обратат и во Министерството за надворешни работи на дежурниот телефонски број +389 75 273 732 и е-пошта: [email protected].

    „Воедно ги потсетуваме сите нашите граѓани, и оние кои се наоѓаат овде и оние кои се наоѓаат во Украина, или било каде, да ги следат и да се информираат од официјалните канали на информирање кои доаѓаат од Министерството за надворешни работи, социјалните мрежи на Министерството и Амбасадата на Република Северна Македонија во Киев. Министерството за надворешни работи ќе продолжи да ги следи состојбите во Украина и навремено да информира за евентуални насоки за постапување за нашите државјани“, соопшти МНР.

    Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, кажа дека Русија доведе дополнителни сили на границата, што го опиша како знак на ескалација. Тој рече дека инвазијата може да почне во кој било момент, тоа може да се случи уште за време на Зимските олимписки игри во Пекинг или за два дена. Џо Бајден кажа дека САД нема да праќаат војници за да извлекуваат американски државјани од Украина, додавајќи дека воен судир со Русија би бил вовед во нова светска војна.

    „НАТО е обединет и подготвен за секое сценарио“, изјави генералниот секретар Јенс Столтенберг, додавајќи дека Русија може да нападне во секој момент.

    Британија, Холандија, Јапонија и Јужна Кореја ги повикаа своите државјани би требало да си заминат додека сè уште има достапни комерцијални летови. Ваков повик упатија и, додека Летонија укажа на сериозна безбедносна закана од Русија.

    Русија постојано негира дека планира да ја нападне Украина, иако долж границата распореди над 130.000 војници и деновиве почна воена вежба во Белорусија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира