МНР ИСПРАЌА ДИПЛОМАТИ ВО УКРАИНА ДА ГИ ЕВАКУИРААТ МАКЕДОНСКИТЕ ДРЖАВЈАНИ

    МНР ИСПРАЌА ДИПЛОМАТИ ВО УКРАИНА ДА ГИ ЕВАКУИРААТ МАКЕДОНСКИТЕ ДРЖАВЈАНИОд МНР велат дека движењето во Украина е тешко затоа и евакуацијата се одвива бавно.(Фото: АП)

    Министерството за надворешни работи ќе испрати дипломатска екипа во Украина заради евакуација на македонските државјани кои сѐ уште се наоѓаат во земјата, каде седми ден е во тек воената инвазија од Русија. Како што соопшти МНР, екипата ќе ја сочинува актуелниот амбасадор во земјата Крум Ефремов, заедно со уште еден искусен конзуларен работник. Тие ќе го водат процесот на терен при асистирањето на евакуацијата на нашите државјани и со нив поврзаните украински граѓани.

    „Досега, околу 50 наши државјани ја имаат напуштено Украина, додека 50 се сѐ уште на украинска територија како и нивни членови на семејство кои се украински државјани. Од нив, 25 ги имаат напуштено резидентните места, и во моментов се упатени низ утврдени безбедносни коридори; нивното движење постојано го следиме сѐ до нивното напуштање на земјата, а потoа нашите амбасади и конзулати од соседните земји ги преземаат сите активности за нивен безбеден трансфер назад кон земјава“, велат од МНР.

    Од Министерството велат дека во моментов секое движење низ Украина е сериозно отежнато, се одвива по споредни рути кои се преполни, и оттука движењето е бавно.

    Русите вчера го зазедоа Херсон, првиот регионален главен град што го освоија од почетокот на инвазијата на Украина, а под постојано бомбардирање се и Киев, Мариупол, Харкив и други градови. Опд почетокот на војната минтиот четврто, над еден милион луѓе избегаа од Украина.

    Денеска почна и втората рнда реговори меѓу делегациите на Русија и Украина во Белорусија, но иако целта а претогорите е да запре инвазијата, засега се мали шансите за договор.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира