МОБИЛНА БОЛНИЦА СО 130 КРЕВЕТИ ЌЕ СЕ ПОСТАВИ ДО ИНФЕКТИВНАТА КЛИНИКА, ДО ВЧЕРА ТЕСТИРАНИ 1.800 ГРАЃАНИ

    МОБИЛНА БОЛНИЦА СО 130 КРЕВЕТИ ЌЕ СЕ ПОСТАВИ ДО ИНФЕКТИВНАТА КЛИНИКА, ДО ВЧЕРА ТЕСТИРАНИ 1.800 ГРАЃАНИМобилната болница ќе се наоѓа на просторот каде што беа бараките на поранешниот студентски дом „Медицинар“, кои Град Скопје ги урна и го уреди просторот. (Фото: Град Скопје)

    На просторот до Инфективната клиника ќе се постави мобилна болница со капацитет за 130 пациенти. Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција кажа дека болницата ќе почне да се поставува наредната недела, ќе биде комплетно опрема, со тоалети, ходници и лекарски тимови. Таа ќе се наоѓа на просторот каде што беа бараките на поранешниот студентски дом „Медицинар“.

    „Во овој момент имаме линеарно зголемување на бројот на заразени пацинети, што е добро, но во секој случај ние сме подготвени доколку дојде до зголемување на бројот на лица со КОВИД-19. За да обезбедиме дополнителни капацитети од наредната недела ќе почне поставувањето на мобилната болница, која ќе биде веднаш до Инфективната клиника бидејќи тука е експертизата“, рече Филипче.

    До вчера, во земјава како што кажа Филипче се тестирани 1.800 граѓани. Оние граѓани кои се вратени од странство и се наоѓаат две недели во карантин, нема да се тестираат доколку немаат симптоми, туку уште 14 дена треба да бидат во самоизолација.

    Филипче кажа дека добиле 6.000 маски од Град Скопје кои ќе бидат распределени на матичните лекари.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира