МНР ПРЕПОРАЧУВА ДА НЕ СЕ ПАТУВА ВО ВУХАН ПОРАДИ КОРОНАВИРУСОТ

    МНР ПРЕПОРАЧУВА ДА НЕ СЕ ПАТУВА ВО ВУХАН ПОРАДИ КОРОНАВИРУСОТНад 830 заразени досега се регистрирани во Кина, а 26 луѓе починале (Фото: Гети)

    Министерството за надворешни работи им препорача на македонските граѓани да не патуваат во кинескиот град Вухан и поширокиот регион поради забрзаното ширење на новиот коронавирус, од која досега починале 26 луѓе.

    „Поради брзото ширење на вирусот, Министерството препорачува воздржување од патувања во градот Вухан и во поширокиот регион, имајќи ги предвид и превентивните мерки што ги преземаат кинеските власти, како ограничување на движењето и затворање на железничкиот, автобускиот и воздушниот транспорт“, се вели во соопштението на МНР.

    Вухан, град со 11 милиони жители, се смета за центар за заразата, бидејќи вирусот токму таму првпат бил идентификуван пред нова година. Над 830 заразени досега се регистрирани во Кина, но помал број случаи има и во Јапонија, Јужна Кореја, Тајланд, Тајван, Сингапур и Виетнам, како и два во САД.

    Со цел да го спречи ширењето на вирусот, кој сѐ уште нема име, кинеските власти го суспендираа јавниот превоз во десет градови, што опфати 33 милиони жители.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари