НА ЕДНА ОД НАРЕДНИТЕ СЕДНИЦИ НА ВЛАДАТА ЌЕ ОДЛУЧИМЕ ЗА КЛИНИЧКИОТ ЦЕНТАР, КАЖА ЗАЕВ

    НА ЕДНА ОД НАРЕДНИТЕ СЕДНИЦИ НА ВЛАДАТА ЌЕ ОДЛУЧИМЕ ЗА КЛИНИЧКИОТ ЦЕНТАР, КАЖА ЗАЕВ„На денешната средба со претставниците на Банката за развој на Советот на Европа ја искажавме јасната определба на Владата дека ова е еден од најважните приоритети оваа година“, напиша Заев на својот фејсбук профил

    Конечната одлука за изградба на новиот Клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје ќе се донесе на една од наредните седници на Владата, објави премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил по средбата со делегацијата на Банката за развој на Советот на Европа, од каде преку кредит се обезбедни пари за изградба на новиот клинички комплекс.

    „На денешната средба со претставниците на Банката за развој на Советот на Европа ја искажавме јасната определба на Владата дека ова е еден од најважните приоритети оваа година“, напиша Заев.

    Владата соопшти дека делегацијата на Банката за развој на Советот на Европа (ECB) предводена од регионалниот менаџер Витомир Мајлс Рагуз, ја примиле премиерот Заев и министерот за здравство Венко Филипче.

    „На оваа средба се разговараше за најновиот статус за изградбата на новиот клинички центар и беа презентирани фазите за реализација. Се зборуваше за прашањата за локацијата на клиничкиот центар, изградбата, опремувањето на клиниките соодветно на најновите достигнувања во медицинската технологија, како и прашањето на инфраструктурните проекти за поддршка на работењето на центарот и сообраќајните решенија“, велат од Владата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира