НАД 7.500 ДОМАЌИНСТВА СО НИСКИ ПРИХОДИ ЦЕЛА 2022 ЌЕ ДОБИВААТ НАМАЛЕНИ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА ЗА 600-800 ДЕНАРИ

    НАД 7.500 ДОМАЌИНСТВА СО НИСКИ ПРИХОДИ ЦЕЛА 2022 ЌЕ ДОБИВААТ НАМАЛЕНИ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА ЗА 600-800 ДЕНАРИMинистерот за економија Крешник Бектеши кажа дека рестрикции на струјата нема да има (Фото: СДК.МК)

    Министерството за економија ќе обезбеди финансиска поддршка за домаќинствата со ниски приходи кои ќе добиваат пониски сметки за електрична енергија во текот на 2022 година. Ваква одлука е усвоена истиот ден кога Регулаторната комисија објави дека струјата на 1 јануари ќе поскапи за 9,48% и притоа ќе се укине дневната евтина тарифа.

    Со ова, Министерството за економија првпат воведува парична помош за најранливите категории граѓани. Согласно програмата за која се предвидени околу еден милион евра, самците и домаќинствата со два члена кои имаат месечни приходи до 18.000 денари и домаќинствата со три члена со месечни приходи до 21.000 денари ќе добиваат помали месечни сметки за електрична енергија за 600 денари. Домаќинствата со четири члена со месечни приходи до 25.000 денари и домаќинствата со пет и повеќе члена кои имаат месечни приходи до 30.000 денари ќе добиваат помали сметки за струја за 800 денари“, изјави министерот за економија Крешник Бектеши.

    Тој вели дека со оваа мерка ќе бидат опфатени над 7.500 домаќинства во Македонија.

    Следниот месец, Министерството за економија ќе распише јавен оглас, а доделувањето на финансиската помош ќе се врши според принципот на најниски примања во домаќинствата во 2021 година“, кажа Бектеши.

    Тој ја уверува јавноста дека рестрикции на струјата нема да има, ниту пак ќе има потреба од нејзин увоз.

    Во моментов има доволни количества јаглен за ТЕЦ Осломеј‘ и за два блока на РЕК ‘Битола‘. На 10 јануари и трет блок ќе се пушти во функција, а вториот блок во ТЕЦ ‘Неготино‘ ќе стартува на 15 јануари. Со тоа сите количини на електричната енергија потребни за универзалниот снабдувач ќе бидат целосно обезбедени од домашно производство, без никаков увоз во јануари. Сите граѓани треба бидат сигурни дека не се предвидени никакви рестрикции“, кажа Бектеши.

    Г. КОНЕВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира