НАДОМЕСТОЦИТЕ ВО СЈО НЕ СЕ ДАЛЕКУ ОД ПАТНИТЕ ТРОШОЦИ НА НЕКОИ ПРАТЕНИЦИ, ВЕЛИ ОБВИНИТЕЛКАТА ФЕТАИ

    НАДОМЕСТОЦИТЕ ВО СЈО НЕ СЕ ДАЛЕКУ ОД ПАТНИТЕ ТРОШОЦИ НА НЕКОИ ПРАТЕНИЦИ, ВЕЛИ ОБВИНИТЕЛКАТА ФЕТАИЗа надоместоците во СЈО се знаеше уште во 2016 година, но тогаш никој не се бунеше, вели обвинителката Фатиме Фетаи. (Фото: СДК.МК)

    Обвинителката Фатиме Фетаи вели дека нема ништо спорно во надоместоците што ги земале во СЈО и ги спореди тие исплати со сумите што ги земаат некои пратеници во Собранието. Пред денешното судење за „Монструм“, таа рече дека сумите за надоместоци во СЈО се знаело уште во 2016 година, но тогаш никој не се бунел.

    „Платата на обвинителите во СЈО беше 1.300 евра, за 300 евра повисока од обвинителите во другите обвинителства, но ние за таа плата постапувавме пред основните, апелационите и врховниот суд. По однос на надоместоците, тоа се истите надоместоци за кои се збореше од самото формирање на СЈО, дури се зборуваше и за повисоки надоместоци од оние кои ние ги примавме, па никој тогаш не реагираше. Извонредно големата опасност на компромитирање на лицата од разговорите, но и на содржината на разговорите, доверливоста е основен елемент за извршување на функцијата специјален обвинител. Заради обезбедување на доверливост и почитување на принципот на тајност и заштита на приватноста на граѓаните, беа склучени договори меѓу специјалниот обвинител и обвинителите и другите вработени во СЈО и за тоа има основ во Законот за СЈО“, рече Фетаи.

    Таа кажа дека износот на надоместоците се одредувал со одлука на специјалниот обвинител и се менувал низ годините.

    „Генерално, секој обвинител примил по отприлика 22 илјади евра, што не е многу далеку од примањата за патни трошоци што ги имаат некои пратеници“, кажа Фетаи.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира