НАЈМАСОВНИОТ ПРОТЕСТ НА ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА ЗАВРШИ СО НЕУСПЕШЕН ОБИД ДА СЕ УРНЕ ПРОМЕТЕЈ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    НАЈМАСОВНИОТ ПРОТЕСТ НА ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА ЗАВРШИ СО НЕУСПЕШЕН ОБИД ДА СЕ УРНЕ ПРОМЕТЕЈ

    Споменикот на Прометеј во паркот „Жена-борец“ повеќе не е под опсада. Прво се разотидоа демонстрантите, а по нив се повлече и полицијата.

    Активистите на Шарената револуција вечерва имаа најголема поддршка. Тие во паркот „Жена-борец“ се обидоа да го урнат споменикот на Прометеј. Прво го искинаа пердето со кое што беше покриено скелето околу споменикот, а потоа се искачија на врвот на скелето. Го заврзаа пердето околу вратот на Прометеј и се обидоа да го кутнат на сличен начин на кој беа уривани спомениците на Ленин и на Садам Хусеин. Еден од демонстрантите се обиде да го растури и скелето. Извади една метална шипка, но се повреди па мораше да се симне.

    Од земја активистите почнаа да го влечат пердето за да го расклатат Прометеј. Полицијата дотогаш само ги следеше постапките на активистите, на неколку чекори од Прометеј во близина на вечниот оган, но кога почнаа да го влечат пердето се доближија до демонстрантите и ги истуркаа кон булеварот. Во исто време се доближија и водените топови. Еден дел од демонстрантите остана зад полицијата, па кордонот се најде во сендвич од демонстранти, ги имаше и пред нив и зад нив. Откако го обиколија Прометеј, не дозволија никој да се доближи и осанаа да го обезбедуваат дури и кога демонстрантите се разотидоа.

    Пред герилата кај Прометеј, шарените го боеја Собранието со чатал, го каменуваа и со компресор го боеја Министерството за правда, кое остана со нова боја и неколку скршени прозорци. Вечерва единицата за боење ја пресконка Владата, таму имаше само говори од организаторите.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари