НАПАДОТ НА СИРИЈА ПОКАЖА КОЛКУ Е КРЕВКА БЕЗБЕДНОСТА ВО СВЕТОТ, И ПОКАЖУВА КОЛКУ Е ВАЖНО ДА БИДЕМЕ ВО НАТО, РЕЧЕ ШЕКЕРИНСКА

    НАПАДОТ НА СИРИЈА ПОКАЖА КОЛКУ Е КРЕВКА БЕЗБЕДНОСТА ВО СВЕТОТ, И ПОКАЖУВА КОЛКУ Е ВАЖНО ДА БИДЕМЕ ВО НАТО, РЕЧЕ ШЕКЕРИНСКАМакедонија се подготвува за евентуално зголемување на бројот на мигрантите на границата - Министерката за одбрана Радмила Шекеринска и премиерот Зоран Заев на денешниот брифинг во Клубот на пратеници (Фото: СДК.МК)

    Македонија се подготвува за евентуално зголемување на бројот на мигрантите на границата по нападите на Франција, САД и Велика Британија на Сирија, рече министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

    „Она што се случува денеска уште од раните утрински часови во Сирија покажува колку е кревка безбедносната ситуација во светот и колку за жал темите од типот на мир и безбедност повторно стануваат главни теми. Тоа ни покажува и нам како мала држава колку ние важно да бидеме дел од системи за колективна безбедност“, одговори министерката Шекеринска, на прашањето дали нападите на Сирија можат да имаат и импликации и врз Македонија.

    Министерката за одбрана Шекеринска рече дека заедно со Министерството за внатрешни работи ќе имаат консултации околу евентуалното зголемување на мигрантите на границата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира