НАСТАВНИЦИТЕ ПРОДОЛЖУВААТ СО ШТРАЈК, ГРАДИНКИТЕ ОД УТРЕ ЌЕ РАБОТАТ

    НАСТАВНИЦИТЕ ПРОДОЛЖУВААТ СО ШТРАЈК, ГРАДИНКИТЕ ОД УТРЕ ЌЕ РАБОТАТКако ќе се надомести губењето на настава и кога и дали ќе се реализраат матурските испити никој не знае.- Јаким Неделков (Фото: СДК.МК)

    Основните и средните училишта и утре нема да работат. Наставниците продолжуваат со штрајкот бидејќи не им е прифатлива понудата на Владата за зголемување на платите за 12 отсто. За разлика од нив вработените во градинките од утре го прекинуваат штрајкот и се враќаат на работа, што значи нормално ќе се згрижуваат децата.

    Претседателот на Синдинактот на образование, наука и култура (СОНК) Јаким Неделков кажа дека на членството им била изнесена понудата од Владата за покачување на платите за 12 отсто и за повеќето од нив таа е неприфатлива.

    „Од вкупно 480 синдикални организации коишто се изјаснија, 388 беа  да се продолжи штајкот, а само 83 беа за прекинување. Најголем дел од организациите кои беа да се прекине штрајкот се од детската заштита или градинките, а речиси сите наставници да се продолжи со штрајк. Советот на СОНК донесе одлука дека штрајкот во училиштата продолжува сè до наоѓање на заедничко прифатливо решение. Додека во градинките штрајкот се става во мирување и тие редовно ќе работат“, кажа Неделков.

    Наставниците штрајкуваат од 11 април и децата трета недела не одат на училиште. Како ќе се надомести губењето на настава никој не знае. Не се знае ни кога и дали ќе се реализираат матурските испити.

    А. АНТЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира