НЕ БРЗАМЕ СО СМЕНИ НА ДИРЕКТОРИТЕ, ТРЕБА ДА НАЈДЕМЕ ДОБРИ РЕШЕНИЈА, КАЖА ТАРАВАРИ

    НЕ БРЗАМЕ СО СМЕНИ НА ДИРЕКТОРИТЕ, ТРЕБА ДА НАЈДЕМЕ ДОБРИ РЕШЕНИЈА, КАЖА ТАРАВАРИМинистерот за здравство Арбен Таравари на денешната прес-конференција за директорските смени во здравствените установи. (Фото: СДК.МК)

    Министерот за здравство Арбен Таравари кажа дека не брзаат со смена на директорите, откако на Клинички центар нов раководител доби само Ортопедија во рамките на Клиниката за трауматологија, ортопедија, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар. Засега не го менуваат директорот на Клиниката ТОАРИЛУЦ Реџер Селмани, туку само е именуван раководител на Ортопедија, Виктор Камнар.

    На денешната прес-конференција, Таравари најави дека ќе ги потпише именувањата на нови директори на Прилепската општа болница, Струмичката општа болница и на специјалната болница за белодробни заболувања и туберкулоза Лешок.

    „Не брзаме со замена на директорите, подобро да најдеме добри решенија, а тоа го правиме и во разговори со вработените”, рече Таравари.

    Илија Јовановски ќе биде директор на општа болница Прилеп, Наќе Гогов на општа болница Струмица, а Исмаил Вахити на специјална болница за белодробни заболувања и туберколоза Лешок.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира