НЕ  Е САМО АРАЧИНОВО И ВО ДРУГИ ОПШТИНИ СЕ КРАДЕ СТРУЈА, ГО ПОВИКУВАМ МВР СЕКАДЕ ДА ПОСТАПИ, РЕЧЕ МИНИСТЕРОТ БЕКТЕШИ

    НЕ  Е САМО АРАЧИНОВО И ВО ДРУГИ ОПШТИНИ СЕ КРАДЕ СТРУЈА, ГО ПОВИКУВАМ МВР СЕКАДЕ ДА ПОСТАПИ, РЕЧЕ МИНИСТЕРОТ БЕКТЕШИОд ЕВН кажаа дека во Арачиново не била исклучена струјата туку дошло до дефект поради прекумерно неовластено користење и нивните екипи не можеле да пристап да интервенираат. (Фото: Принтскрин од видео на МИА)

    Министерот за економија Крешник Бектеши денеска имаше средба со градоначалникот на Општина Арачиново Ридван Ибраими и претставници на компанијата ЕВН. Средбата следи откако во Арачиново неколку дена нема струја поради преоптоварување на трафостаниците од незаконско користење струја од жителите. Бектеши после средбата кажа дека е точно оти во Арачиново има загуби на струја, но и во други општини има иста ситуација.

    „Не може да се земе само Арачиново како општина каде не се плаќа струја или пак, да бидам подиректен како што се збори деновиве, дека се краде струја. Има и други општини. Во секоја општина и во секое семејство има некој кој не ги почитува регулативите и затоа од понеделник ЕВН непречено ќе дојдат на терен, ќе почнат да работат и на тој налин ќе се наплаќа електричната енергија во Општина Аралчиново. Ќе побарам и од МВР да постапат во сите општини каде има големи загуби на електрична енергија. Ваквите загуби се на товар на сите граѓани оти загубите се признаваат како трошак кога се прави цената на струјата“, рече министерот Бектеши.

    Бектеши кажа дека загуби има и во Куманово 16,2 отсто, Тетово 10,7 отсто, Гостивар 19,3 отсто, Кичево 12,1 отсто, Скопје 19,6 отсто.

    „Крадење на електрична енергија е кривично дело, но тоа не е проблем само на една компанија туку на системот кој треба да ја реши оваа работа“, додаде Бектеши.

    Сашо Салтировски ,менаџер на Електродистибуција, кажа дека во Арачиново не била исклучена струјата туку дошло до дефект поради прекумерно неовластено користење и нивните екипи не можеле да пристап да интервенираат.

    „За да овозможиме снабдување со електрична енергија мора нашите екипи да имаат пристап до трафостаниците за да можат да ја мерат потрошувачката, да се стават мерила и да  се интервенира. Се надевам дека по денешниот состанок ќе се среди таа работа и во иднина нема да имаме вакви такви проблеми како што нашите екипи имале во минатото“, рече Салтировски.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира