Министерството за животна средина и просторно планирање упати апел да не се палат бадникови огнови на отворено. Од Министерството велат дека овој апел го упатуваат за да се избегне дополнително загадување на воздухот.
„Ја поздравуваме одлуката на Град Скопје и општините во Градот да не донираат дрва за бадниковите огнови и во исто време апелираме до другите општини во државата да се приклучат кон оваа иницијатива“, велат од Министерството.
Ваков апел до скопјани упати и Град Скопје, а во соопштението се вели дека овој став е усогласен со градоначалниците на скопските општини, кои решиле да се откажат од доделување дрва од општините за Бадник за да се намали загадувањето на воздухот.
Е. БОЧВАРОСКА