НЕ СМЕ ВЕТИЛЕ ПИЛОТИ, ТУКУ ПИЛОТ-ПРОЕКТИ, РЕЧЕ ЗАЕВ ЗА ВРАБОТУВАЊАТА ВО АРАЧИНОВО

    НЕ СМЕ ВЕТИЛЕ ПИЛОТИ, ТУКУ ПИЛОТ-ПРОЕКТИ, РЕЧЕ ЗАЕВ ЗА ВРАБОТУВАЊАТА ВО АРАЧИНОВО„Треба да внимаваме на лажни вести како што е оваа", рече Заев на прес-конференцијата во Владата (Фото: К. Попов)

    Не сме ветиле вработување на 300 пилоти во Арачиново туку реализација на пилот-проекти, рече премиерот Зоран Заев, одговорајќи на новинарско прашање за изјавата на жител на Арачиново дека тој и СДСМ пред изборите ветувале дека 300 жители од оваа општина ќе бидат вработени како пилоти.

    „Треба да внимаваме на лажни вести како што е оваа. Во Арачиниво ветивме реализација на пилот-проекти и тие заедно со Општината се реализираат. Вработување на 300 пилоти нема ниту во мое Муртино”, рече Заев на прес-конференцијата во Владата.

    Прашан дали сега осомничената Фросина Ременски во случајот со Меѓународниот сојуз на Боки 13 ќе биде исклучена од партијата и од потпретседателското место во Собранието, Заев кажа дека останува на ставот секој осомничен или обвинет да биде времено исклучен.

    „Не успеав да ги видам изјавите и да прочитам соопштенијата за новиот случај. Дозволете да се информирам и ќе имате став од мене“, кажа Заев.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари